cropped-Bate-komerc-logo-c.png

Безбедна и навремена испорака на Вашата пратка е нашата цел

ТРАНСПОРТ

Секогаш обезбедуваме најповолни решенија за реализација на барањата на нашите клиенти. Како високопрофесионална и одговорна компанија, се стремиме да поставиме нови стандарди во транспортот на стоки и логистика. Водејќи се од интересот на соработниците, брзиот и безбеден транспорт е еден од нашите приоритети во секојдневното работење. Земји од кои организираме најразличен транспорт се: Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Германија, Холандија, Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Англија, Полска, Чешка, Словачка, Романија и Унгарија.

ШПЕДИЦИЈА

Вршиме царинско застапување при увоз, извоз и транзит на граничните премини: „Скопје“, „Табановце“ и „Богородица“. Располагаме и со сопствен царински склад, кој е лоциран во Скопје, на површина од 800 m2 (затворен магацински простор) и 2.000 м2 (отворен магацински простор). Сите простори се обезбедени со видео надзор, со што се гарантира чувањето на стоките.

СЕРВИС

Нашиот сервис овозможува сервисирање на повеќе сегменти од работењето: електроника, поправка на воздух, поправка на механика, лакерски поправски, промена на масло и филтри, дијагностика, како и достава на делови. Нудиме брзо и квалитетно сервисирање на посоченото, по поволни цени.

Бате-Комерц

Нудиме широка палета на услуги, во делот на товарниот патен транспорт и логистика. Имајќи го предвид фактот дека сме една од ведечките компании во регионот, овозможуваме професионално извршување на следниве услуги:

Oрганизирање на комплетни утовари

Oрганизирање на складиштење на стоки

Oрганизирање на специјален транспорт на широк лим 3mx13,5m

Oрганизирање на збирни утовари

Итен транспорт со повеќечлен екипаж

Шпедиција

Зошто НИЕ?

„БАТЕ – КОМЕРЦ“ ДООЕЛ Скопје е основана во 2002 година. Следењето на трендовите на пазарот придонесе да прераснеме во една од водечките транспортни компании во регионот. Брзата и безбедна испорака на стоки, како и нивното чување по највисоки критериуми придонесе да воспоставиме нови стандарди во работењето. Располагаме со повеќе од 100 стандардизирани и опремени возила. Нашиот стручен тим, кој број повеќе од 130 луѓе, кои работат во современи услови е целосно посветен на обезбедување највисоки стандарди при организирањето на транспортните услуги. Континуираното надградување и едукација во областа, придонесува да гарантираме сигурен превоз на стоки на територија на цела Европа. Секојдневните обуки и тренинзи придонесоа успешно да се справуваме и со кризните ситуации, кои се составен дел на секоја работна средина.

5

Станете наш партнер

Како високо професионална компанија, секогаш се трудиме да им понудиме на нашите клиенти најоптимални решенија за реализација на нивните барања и потреби.

Пишете ни:

    mk_MKMK